Жито Ориз Ко располага со магацински простор од 9,600 метри квадратни и силоси (армирано бетонски и челични) од 32 тони.
Нашата пекара располага со две линии за најсовремено производство на леб. Брашното кое го користиме за производстово на леб е од нашата мелница и тоа одговара на сите стандарди за пекарските производи.
Жито Ориз Ко произведува разни видови на леб и бели печива со продолжена свежина, вкус и мирис.
- Инсталиран капацитет - 24,000 леба и 5,000 броеви на разни бели пецива.
За подобар квалитет во работата во употреба е и нашата лабораторија која е опремена со најсовремена апаратура за вршење на анализи од суровина па до готов производ, според Правилникот За Прехрамбени Производи На Р.Македоија.